Кекеновски до Груевски: Се јави од Будимпешта храбриот херој во папучи

admin22
loading...

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски остро реагираше на последниот статус на Фејсбук што го објави поранешниот премиер Никола Груевски, а во кој истакна дека ниту тој, ниту партијата биле виновни за „Крвавиот четврток“.

Кекеновски во свој статус го обвини Груевски дека лажел додека бил на власт, но дека продолжува со лажење и сега додека со папучи на нозете си седи во некој удобен и топол апартман во Будимпешта.

„Херојов во папучи наместо да собере храброст да се врати дома и да ја сподели судбината со неговите му некогаш верни слуги одработувачи и пред неговите довчерашни судии и обвинители да ја докаже неговата наводна невиност, тој се распишал статуси и глуми девица. А тоа што многумина од неговите веќе се на робија, а некои допрва и ќе робијаат, за него и не е така битно. Важно е дека сè уште е актуелен и од далечина преку партиските му верни челници и другите негови прислужници ги влече конците. Сè додека во Република Македонија трпиме премиери и лидери кои бесрамно лажат, крадат и остануваат неказнети, а ние им посветуваме внимание и им даваме гласови, сè дотогаш нема да станеме нормална држава“, напиша Кекеновски на Фејсбук.

loading...
Loading...
Next Post

Го молев да не лета за Техеран: Сопругата на пилотот открива страшно предвидување

Катерина Гапоненко за Скај њуз раскажала дека била загрижена кога се во прашање меѓународните летови. Сопругата на пилотот на украинскиот патнички авион, кој се урна по полетувањето од Техеран, откри дека го предупредувала да не се качува на тој лет. Таа верува дека авионската несреќа е чин на тероризам. Катерина […]