Кога под срцето имаш уште едно, а уште две срца имаш дома: Последниот статус на родилката која почина од корона

admin22

Директорката на Институтот за мајки и деца во Сараево, Белма Шољанин, починала денеска од последици предизвикани од коронавирусот, пишува скопска Република.

Како што пренесуваат босанските медиуми, 37-годишната Шољанин, била хоспитализирана во 35. недела од бременоста, со тешка клиничка слика и запаление на градите.

На „Фејсбук“ масовно се споделува нејзиниот последен потресен статус, информира „Дневни Аваз“.

Loading...

– Кога под срцето имаш уште едно, а уште две срца имаш дома, секоја компликација, секоја болка, секоја секунда неизвесност, броењето на деновите се вечност. Тој страв не сте го доживеале. Ковид постои! Чувајте се! Ќе даде Господ, па да ви ја раскажам и нашата приказна. Лавовската борба трае, Ви благодарам на поддршката – напиша Белма.

Кога бременоста се развила до минималната зрелост на бебето, бил направен царски рез, по што повторно била ставена во изолација и продолжило лекувањето.

loading...

Три дена подоцна, Шољанин ја загубила битката.

Нејзиниот сопруг и двете ќерки, исто така се заразени, додека новороденото момче е негативно.

Loading...
Next Post

Филипче: Онлајн-настава е ставот на Комисијата, а само првите одделенија да одат во училиште

Став на Комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата, изјави министерот за здравство Венко Филипче. – Стравувавме во оваа ситуација, на есен, кога не знаеме што може да нè чека и со што […]