Кога треба памучната маска да ја замените со нова?

admin22

Поради пандемијата со коронавирусот, маските веќе станааа и моден додаток. Ги има во многу бои, со најразлични дезени и кога се работи за удобноста, се чини најдобри се памучните.

Како и секое парче ткаенина, памучните маски со текот на времето треба да ги менувате, но треба да знаете и кој е оној момент во кој треба да се „збогувате“ со маската што сте почнале да ја носите пред извесно време.

„Маските со текот на времето почнуваат да се опуштаат, а со самото тоа се и помалку делотворни. Тоа се случува поради редовното перење“, објаснува Џн Чан, шеф на лабараториjата Today Reviewed во САД.

loading...

Маските е најдобро да се менуваат секој месец – тврди епидемиологот, Крис Џонсон во изјава за The Philadelphia Inquirer,.

Ако маската ви се чини премногу лабава, сменете ја. Кога маската не е прилепена за лицето, таа ја губи својата делотворност.

Ако константно треба да ја местите на лицето и ви паѓа, поедноставно е да си набавите нова. Исто така, маската треба да биде заменета доколку се скинала.

Инаку, маските треба да се перат на 60 степени.

Извор: vijesti.me

Loading...
Next Post

Љупчо: Сакав да се тестирам, ми рекоа „Дечко хаос е, снаоѓај се сам“

По скоро 3 недели Ковид голгота, добив негативен тест. Па пошо не сум член на “Машки домаќински муабети”, “Совети за Ковид 19” и слични групи, моето искуство ќе го споделам тука, ја започнува својата исповед Маркоски Љупчо на социјалната мрежа Фејсбук. Дечки, не е ова вирус туку ЛАМЈА! Воглавно бев […]