КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ РЕВОЛТИРАНА: Најмалку 90 новозаразени и 6 починати од Ковид-19

admin22

Од Комисијата за заразни болести за Фактор потврдуваат дека само во Скопје денеска ина 47 ново заразени со корона вирусот. Најголемиот број, како што велат се од Чаир. Потоа следуваат Штип и Тетово, па вкупниот број на новозаразени надминува 70.

Велат дека Комисијата денеска ќе заседава цел ден и не криејки го револтот информираат дека ќе носат нови препораки кои ќе бидат ригорозни.

-Граѓанската непослушност носи вакви загрижувачки резултати. Ние мора брзо да делуваме за да го спречиме сето ова. Препораките на епидемиолозите ќе одат во драстични насоки.

Ќе предложиме карантински мерки повторно, како и затворање на конфекциските фабрики во Штип, вели изворот од Комисијата за заразни болести.

Канал 5 предмалку објави дека според нивни извори денес на територија на Република Македонија се регистрирани најмалку 90 нови случаи на заразени од коронавирус, а починати се најмалку 6 лица.

Loading...

Наскоро ќе бидат објавени и официјалните бројки.

loading...
Loading...
Next Post

По Мухамед Зекири и директорката на УЈП Сања Лукаревска позитивна на коронавирусот

Директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна на тестот за коронавирус. Таа се тестирала откако вчера ја дознала веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири има коронавирус, со кого имала работни состаноци. Лукаревска вел идека нема никакви симптоми и дека е во самоизолација. „После веста која ја објави другарот Мухамед […]