вен
Планетите може да донесат вложување на поголема енергија да ги задржите односите хармонични, или пак едноставно нервозни ситуации поради други луѓе. Се препорачува внимателност во сите контакти, бидејќи несакајќи ќе ги провоцирате другите на кавга, и посебно во деновите околу 8 и 9 април.
Лесно до пари, или поинаку кажано – парите ќе ги заработите на пријатен начин, со работа која ќе ви претставува задоволство да ја завршите. Нагласени се и обврски по дома.
Јарец
Заработување или како да се дојде до поголема сума пари е вашиот интерес овој месец. На неколку наврати ќе добиете поголема или непланирана сума, можеби хонорар. Како и да е, некои трошоци, планирани или не, ќе ви однесат и добар дел од тие пари.
Во деновите околу 8 април ве очекуваат некакви дополнителни обврски со деца: од трошење пари до разрешување на некакви недоразбирања.