ЛУДО ИЛИ НЕ: Се омажила со самата себе – Може да имате бајка и без принц на бел коњ

admin22

Италијанската Лаура Меси е вистинска интернет сензација, откако организирала целосна церемонија и свадбена веселба за 70 гости, пред кои се омажила за самата себе.

„Длабоко верувам дека секој од нас, во прв ред, мора да биде заљубен во себе и да се сака самиот себе. Можете да имате своја бајака, а притоа да немате потреба од принц. Мислам дека токму тоа и го докажав“, истакна 40-годишнта инструкторка по фитнес.

Секако целата церемонија и венчавката немаат законска тежина, но Меси вели дека и е мило што станала дел од нешто што допрва ќе станува светски тренд. Таа и многумина како неа тврдат дека во иднина се повеќе вакви венчвки ќе се случуваат.

Лаура оваа идеја ја добила пред две години, кога излегла од врска долга 12 години.

„Тогаш им реков на пријателите дека доколку не ја пронајдам сродната душа до 40 години, ќе се омажам со самата себе. Ако еден ден го пронајдам мажот со кој ќе бидам среќна, ќе ми биде мило. Но, и вака сакам да покажам дека некоја среќа не треба да зависи од принцот на бел коњ“, завршува Лаура.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Поранешно официјално лице на Пентагон: САД е во голема опасност после убиството на Сулејмани

САД се во поголема опасност после убиството на иранскиот воен командант Касим Сулејман, а не е ни сигурно дека администрацијата на Доналд Трамп однапред размислила за последиците, оценил Мајкл Карпентер, поранешен вработен во Пентагон, а сега директор на организаијата Пен Бајден ценѕат. Капетанот во интервју за “глас на Америка“ истакнува […]