Мајката на Новак: „Албанците планираа киднапирање на Ѓоковиќ, беше присилен да го загуби натпреварот и да си оди од Лондон“

admin22

Најдобриот тенисер на светот не сакал да ја премолчи вистината за Косово и Метохија. Мајката на Новак Ѓоковиќ, Дијана, ја кренала јавноста на нозе кога потсетила дека Албанците своевремено му се заканувале на нејзиниот син.

„Имаше многу закани од Албанците затоа што изјави дека Косово е Србија. Тогаш, во 2009-та година нè чуваа припадници на Скотланд јард, бев во страв. Го загуби натпреварот од Марат Сафин затоа што беше под притисок.

За тоа досега не сме зборувале, но тоа беа моменти кога навистина се плашиш за своето семејство. Исто така, наркомани од соседството според приказната на една жена сакаа да ни ја окупираат куќата и да ни бараат откуп“ – раскажала Дијана Ѓоковиќ во емисијата „Мајки на шампионите“, на „ТВ Арена спорт“.

Семејството на најдобриот тенисер на светот не сакало да се рашири приказната за оваа тема, но Британците во 2008-та година, спречиле екстремисти од Тирана да го киднапираат Ѓоковиќ.

Причината за тоа е следната изјава на Ѓоковиќ:

Loading...

„Немам, ниту пак некогаш ќе имам разбирање за косовските Албанци поради прогласување на независност на јужната српска покраина“.

Поради притисокот кој што го имал, Новак лошо го одиграл натпреварот во второто коло на Вимблдон против Марат Сафин и го напуштил Лондон побрзо од кога и да е.

loading...
loading...
Loading...
Next Post

(ВИДЕО) Пукање на Матка: Помеѓу напаѓачите и внукот на реисот?

Тепачка меѓу две групи настанала попладнево на Матка, во делот каде што се наоѓаат чамците кај езерото. Во групата на напаѓачите, неофицијално, бил и внукот на реисот Реџепи, барем така посочиле нападнатите лица. Од видеото до кое дојде „А1он“ може да се види моментот кога доаѓа до туркање и се […]