Македонија ќе добие нова Влада најдоцна до полноќ

admin22

Пратениците денеска втор ден ќе дебатаираат за изборот на новата Влада. Напладене продолжува седницата во Собранието, а за составот на новата Влада треба да се гласа најдоцна до полноќ.

Дебатата во Собранието започна откако мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев вчера ја претстави предлог-програмата за работата на новата влада. Тој во излагањето пред пратениците најави посветеност на економијата и евроинтеграциите, a oпозициските пратеници, пак, го критиуваа дека владата ќе има краток рок и најавија бројни протести наесен.

„Важно е новата Влада да го заокружи новиот мандат од четири години за да се обезбеди поволен амбиент за остварување на економската програма, како и за нашите евроинтеграции“, изјави Заев од собраниската говорница.

Седницата следуваше откако Заев го доби мандатот за формирање на Влада, по резултатите од предвремените парламентарни избори на 15 јули оваа година на кои СДСМ освои најмногу пратенички мандати (46). Владиното мнозинство беше формирано постизборно откако Заев договори колација со лидерот на ДУИ Али Ахмети – партија која освои 15 пратеници на изборите и со ДПА која освои еден пратеник.

Трите партии сега имаат мнозинство од 62 пратеници во Собранието, а за избор на Владата е потребно просто мнозинство од 61 глас.

Loading...

Заев на вчерашната седница меѓу другото рече дека министрите на новата Влада ќе бидат посветени на решавањето на здравствената криза предизвикана од Ковид -19, на економскиот раст на земјата, реформите во администрацијата, владеењето на правото, борбата против корупцијата и чиста животна средина.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја критикуваа владината програма. Тие на собраниската говорница излегуваа со аргументи дека не се доволни напорите на власта во борбата против корупцијата, но и дека не е направено доволно за растот на економијата и за развојот на образованието.

loading...

Во оваа насока пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски изјави дека „власта на есен ќе се соочи со бројни протести.“

Критики кон власта упатија и пратениците од коалицијата на Алијанса за Албанците – Алтернатива. Тие оценија дека предложените министри од редовите на ДУИ нема да придонесат за зголемување на стандардот на Албанците.

Предлогот за новата Влада е таа да биде составена од 19 министри, што е немалување за седум министерски места во однос на претходната.

Извор: РСЕ

loading...
Loading...
Next Post

ЌЕ ИМА ЛИ ДОГОВОР: Заев ги кани Левица во Влада – што му одговорија тие

На мандатарот му се допаднаа ставовите на вториот пратеник на Левица Борислав Крмов, кој зборуваше за класните разлики во општеството, наспроти неговиот сопартиец Апасиев, кој го обвини Заев за национално предавство поради промената на името. Не знам зошто останувате во опозиција. Со вакви ставови, имаме убава можност за соработка. Вредностите […]