“МАКЕДОНЦИТЕ НЕ МЕ ПУШТИЈА ДА ОДАМ НА ПОГРЕБОТ НА МОЈАТА БРАНКИЦА“ – тврди сопругот на починатата родилка од Куманово

admin22

– Македонците не ме пуштија да одам на погребот на мојата Бранкица, последен пат да се простам од неа, да и кажам збогум – изјави за Информер, Бранислав Ивановиќ, сопруг на почината родилка Бранкица Циговска Ивановиќ (34), која на 28 јули почина во Ниш од коронавирусот, а на 30 јули беше погребана во Куманово.

Бранислав вели дека неговата сопруга немала српско државјанство и дека била договорено да биде погребана во родното Куманово. Тој знаел дека за влез во Македонија ќе му биде потребен негативен ПЦР тест.

-Не знаев дека погребот ќе биде толку бргу. Отидов да се тестирам, но резултатите од ПЦР тестот не стигнаа на време и не можев да патувам во Куманово. Можеа Македонците да ме пуштат само на еден час, ако требаше и со полициска придружба. Многу ме боли што не можев да ја испратам мојата Бранкица на вечното почивалиште. Не ми дадоа да ја видам за последен пат, да се простам од неа… Да ми дозволијаб барем само да се приближам до неа на десетина метри, да бидам близу неа. Барем малку да се потрудеа да бидат луѓе – очаен е Бранислав.

Инаку, 34 годишната Бранкица Циговска Ивановиќ од Куманово беше во седмиот месец, па за да се спаси бебето, таа е породена со царски рез, по што починала. Бебето е извадено со 900 грама и се наоѓа во инкубатор.

loading...
Loading...
Next Post

Милена ја изгубила ќерката во сообраќајка: „Отидов кај гатачка и ми откри ужас“

10-годишната ќерка на Милена загинала во сообраќајна несреќа пред 14 години, кога автомобилот управуван од нејзиниот сопруг изненадно скршнал од патот и удрил во банкина. Со анализа е утврдено дека таткото не бил под дејство на алкохол, ниту возел со неприлагодена брзина, а при сведочењето тој опишал дека во еден […]