Малиот Илче плесна со рачињата и со големо браво си замина од Клиниката за детски болести

admin22

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил пишува за дете од Охрид кое по десетина дена лекување на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеле за него.

„Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство“, пишува Филипче.

Тој упати и голема почит до сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеле за него.

loading...
Loading...
Next Post

Мислат само на себе и често ги повредуваат другите-тоа се овие хороскопски знаци

Хороскопот може да открие многу за карактерот, недостатоците и доблестите на една личност. И додека сите сакаат да слушнат за своите добри страни, постојат и лоши за кои ретко некој ќе си признае. А еве кои 3 хороскопски знаци имаат најсилно изразена темна страна и кои важат за најзлобни: 1. […]