Меџити за Плусинфо: Не барам да бидам вицепремиер

admin22

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити за Плусинфо потврди дека тој нема аспирации за фотелјата на прв вицепремиер и министер за политички систем. Меџити не открива кој од предложените министри му е трн во око, поради што го условува гласањето за новата влада.

– Не барам да бидам вицепремиер, не барам за мене – ни одговори Меџити.

Но, од одговорот на Меџити нема потврда дали сѐ уште траат убедувањата меѓу него и лидерот на ДУИ Али Ахмети тој да гласа за новата влада или веќе се договориле.

Loading...

Оттука нејасно е дали ќе има смена на некој од предложените кадри за министрите од ДУИ. Се шпекулираше со имињата на Артан Груби како прв вицепремиер и на Бујар Османи како министер за надворешни работи. Доколку нема договор виси изборот на новата влада

Loading...
Next Post

КРАЛОТ НА НОЌНИТЕ ЖУРКИ БОБИ ПАВЛОВСКИ: Позитивен на Ковид-19

Пријатели, колеги, соработници, морам да ве известам дека за жал мојот тест за ковид е позитивен, покрај сите витамини, мерки и пазења, маски, дезинфекции, сепак стигна и до мене. Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми, пријавете, тестирајте се, седете дома, не ја ширете заразата, бидете совесни. 🙏🏼 Се надевам […]