Мијалков: Мицкоски глуми по медиуми, договорил амнестија за себе

admin22

Фајде од плачењето и глумата на Мицкоски по телевизии и портали нема ни јавноста, а уште помалку членството на ВМРО ДПМНЕ, пишува на фејсбук Сашо Мијалков, поранешниот висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата реакција е по гостувањето на Христијан Мицкоски, лидерот на партијата на Алфа синоќа, каде тврдеше дека Мијалков одработува за Зоран Заев.

„Наместо да го искористи времето што Заев му го препушти додека е на одмор за да ги убеди партиите на Албанците во својата агенда, Мицкоски несериозно целото свое внимание и вниманието на медиумите блиски до него го насочува во објавување на лаги за мене, меѓу многуте и една голема, дека некој судија заборавил да закаже рочиште.

Не заборавил никој, туку поротник замина во пензија и според законот за к.п. постапката се враќа од почеток, процес на кој не може ниту јас ниту било кој политичар да влијае, вели Мијалков.

Тврди дека три години не е во раководните структури на партијата. Не учествувал во изготвување на програмата, а уште помалку во изборот на кадровските решенија и додава дека Мицкоски може да лаже колку сака, но вината за поразот била каj него.

Loading...

„За Заев одработува тој што ја водеше партијата во порази. За Заев одработувa тој што го троши времето и медиумскиот простор за пресметка со сопартијци наместо да составува влада. Пред изборите слушнавме десетици обвинувања за криминал со хидроцентралите, за сомнителни исплати од ЕЛЕМ, за незаконско финансирање на кампањата, за сомнителни договори за локалните избори во Охрид, па дури и за непотизам при вработувањето на факултет.

Сепак нема кривична постапка за ниту еден предмет, а уште помалку притвор за Мицкоски. Малку е чудно што Мицкоски обвинуваше дека Заев го контролирал судството и обвинителството, а сега за него нема ни притвор, ни пријава. Затоа легитимно се поставува прашањето дали цената на амнестијата на Мицкоски е губење на изборите и уште колку избори Мицкоски треба да загуби? прашува Мицкоски.

loading...

Вели дека ВМРО ДПМНЕ не заслужува лидер кој лаже и бега од одговорност.

loading...
Loading...
Next Post

Сирија со помош на Русија ќе гради нова црква Света Софија

Православна христијанска црква е предвидено да се изгради во реонот на сирискиот град Хама во која за богослужби за христијани во државата и од странство, објави турскиот весник „Сабах“, кој се повикува на либански медиуми. Според нив, новата црква ќе биде копија на Света Софија во Истанбул која од пред […]