Минималецот се покачува: За месец јули граѓаните треба да земат повисока плата

admin22

Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува работодавачите дека за јули треба да им исплатуваат повисока минимална плата на работниците. Или наместо досегашните 14.500 минималецот сега изнесува 14.943 денари.

На таа минимална плата дополнително треба да се пресметуваат додатоците и надоместоците на плата согласно колективните договори. Бараат од инспекциските органи, казни за работодавачите и јавно објавување на имињата на компаниите кои кршата законии, а најавуваат и кривични пријави за нив.

ССМ и понатаму ќе биде гласот на работниците и коректор на сите кршења на работничките права.

Подучени од нечесните игри од некои несовесни и алчни работодавачи, бараме надлежните инспекциски органи веднаш да ги казнуваат сите несовесни и алчни работодавачи, очигледно само на тој начин може да се воспостави ред и почитување на законите, а истовремено и јавно да ги објавуваат нивните имиња се со цел работниците да бидат информирани.

За сите оние газди за кои нема да бидат преземени соодветни мерки и ќе бидат скриени од надлежните институции, како за исплатата на минималната плата така и за исплатата на финансиската поддршка од Државата, по пријава на работниците, ССМ ќе поднесе Кривични пријави по член 166 од Кривичниот законик против секој еден алчен газда, во името на работниците поради тоа што името и презимето на секој еден работник кој ќе се обрати до ССМ е Сојуз на синдикатите на Македонија.

Loading...

Зголемувањето на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците, што може многу лесно да се случи преку почитување на колективните договори.

loading...
Loading...
Next Post

Нов симптом на корона кој се појавува во раната фаза: Проверете веднаш!

Шпанските лекари откриваат уште еден симптом што го забележале во најраната фаза на болеста кај пациенти заразени со корона. Иако несаканите ефекти на болеста „Kовид-19“ варираат од личност до личност, шпанските експерти сега ги испитуваат лезиите на стапалата што се појавиле кај некои пациенти во раните фази на болеста. Поточно, […]