МИТ ИЛИ ВИСТИНА?: Бојата на очите го открива вашиот карактер

admin22

Не е залудна поговорката дека очите се огледало на душата и наш прозор кон светот. Познато е дека кога лажеме избегнуваме да го гледаме соговорникот во очи и дека претерано загледување во некој прави да се чувствува незгодно…

Очите го издаваат нашето расположение, дали сме среќни, тажни, загрижени, а многу кажуваат и за нашата личност. Дознајте што открива бојата на вашите очи, па кажете ни дали е тоа точно или не…

СИНИ ОЧИ

Луѓето со вакви очи најчесто се стабилни, доверливи и малку затворени. Станува збор за блага и толерантна личност. Тешко е да ги налутите, но зад очите со сина боја се крие бура.

Нивните сопственици се луѓе од акција, но и страствени и интуитивни личности. Студиите покажале дека луѓето со сини очи се помалку агресивни и имаат пониско ниво на самопочитување.

Loading...

Но тоа незначи дека тие се послушни. Напротив, тие често флертуваат со многу добро разработена стратегија на додворување.

Лиѓето со потемно сини очи се страствени и секогаш имаат големи идеи. Слетло сините очи покажуваат дека личноста е помирна по природа, а сините и јасни очи може да покажуваат недоволно енергичност.

loading...

Темно сината боја на очи значи дека личноста е сензуална, отворена лично во друштвото, но истовремено и нежна и чувствителна.

Сините очи имаат личностите кои ќе дадат се за својата врска.

Оваа боја на очи се поврзува со младост и невиност, без облед на тоја за која нијанса на бојата станува збор. Лицата со оваа боја на очи се добри во спортови, а посебно во активнистите кои бараат планирање.

ЗЕЛЕНИ ОЧИ

Овие лиѓе имаат уметничка душа, одлична перцепција, постојаност и храброст со многу оригинални идеи. Тие се полни со енергија и мнгу се креативни. Од друга страна, сопствениците на зелените очи се многу амбициозни и понекогаш се безмилосни. Во состојба се да ги прегазат сите за да стигнат до врвот, но тоа го прават шармантно за никој да не ги забележи.

Луѓето со зелени очи делуваат прилично мистериозно. Оваа боја на очи укажува на спонтаност и имагинација. Понекогаш мажите со оваа боја на очи не се доверливи, го обожаваат животот и одушевени се од сето тоа што можат да го искусат. Со нив никогаш нема да ви биде досадно.

ОЧИ СО БОЈА НА МЕД

Ова е многу ретка боја на очи кои варираат помеѓу зелени и кафени, зависно од светлото, но и од расположението. Зелената компонента ја покажува разиграната страна на карактерот, а кафеавата компонента ги прави личностите отворени и достапни. Оваа боја укажува на авантуристи и љубов кон испробување на нови работи и предизвици.

Оваа боја е својствена за отворена, достапна, пријателски расположена личност која добро го контролира своето негативно расположение, примарно лутината. Овие луѓе се најсреќни во окружување на искрени пријатели и своите најблиски.

ОЧИ ВО СИВА БОЈА

Сивата боја на очи многу ретко се сретнува, а симболизира мудрост и цвст карактер. Луѓето со оваа боја на очи се сериозни и рационални, со високо ниво на интелигенција и имагинација. Не се многу достапни и не се едноставни и не дозволуваат другите да ги препознаат нивните вистински емоции.

Имаат доволна доза на сентименталност и ефикасност, интуиција и љубопитност. Тие се стабилни личности кои се сигурни во тоа што го знаат и немаат проблем кога ги бранат своите ставови. Страста кај нив е пригушена.

ЖОЛТЕНИКАВИ ОЧИ

Овие очи укажуваат на злоба и реализам и се вистинска мистерија на природата

КАФЕАВИ ОЧИ

На светот има најлмногу луѓе со кафеави очи. Овие луѓе претставуваат едноставност, сила и креативност. Нивниот карактер е насочен кон разумот и мудроста, но зад нив често се крие нежно срце и жив дух.

Оваа боја на очи е поврзана со голема самодоверба и одлучност. Можеби и не е случајност што најголемиот дел од успешните и богати луѓе на светот имаат токму кафеави очи.

Тие често се храбри, енергични, склони на шеги, но во кризни ситуации многу јасно размислуваат и одлично ги решаваат проблемите. Кафеавите очи обично укажуваат на великодушност, но повремено се склони на изливи на снев. Мажите се нежни, доверливи и лојални.

Кафеавите очи со боја како чоколадо покажуваат страствен карактер кој сака друштвен живот. Таква личност напорно работи за да осигура удобност за своето семејство. Шармантни се и забавни па затоа се популарни на забавите, но и меѓу спротивниот пол.

Знаат како да го задоволат партнеро, а со оглед на тоа што имаат смисла за хумор, секогаш можат да ги расположат другите. Имаат чувство за мода, па поради тоа побарајте совет од некој пријател со кафеави очи.

ДАЛИ ПОСТОЈАТ ЦРНИ ОЧИ?

Всушност црни очи не постојат, но некои очи имаат многу темна кафеава нијанса па поради тоа оставаат впечаток на црни очи и тие се многу ретки. За луѓето кои имаат вакви очи се смета дека се многу темпераментни, полни со страст и хиперактивни. Тие се посветени на тоа што го прават, натпреварувачки се настроени и сакаат да привлекуваат внимание. Покрај тоа тие се таинствени и тешко се заљубуваат. Сепак ако се заљубат тие се многу лојални, а мана им е тоа што многу се расправаат и се нетрпеливи.

loading...
Loading...
Next Post

Зиков: Добив заштрашувачки 11 ЗАКАНИ по мојот живот, на жена ми и ќерка ми

Денеска се јавија во мојот инбокс, со затрашувачки закани точно 11 ликови со закани, после синоќешниот мој настап на Канал 5 со извесен лик Ивон Величковски … Сите ги пријавувив во МВР кај Наќе-то. Закани по живот мојот на жена ми и ќерка ми, омаловажувања, навреди … Нема да ги […]