МИЦКОСКИ им вети на Скопјани и Битолчани дека ќе патуваат по автопат

admin3

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска најави автопат од Скопје до Битола преку Велес и Прилеп, ако неговата партија добие на изборите на 12 април. Исто така најави и довршување на патиштата Кичево – Охрид и Скопје – Блаце.

„Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце.

Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.

Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава.“, рече Мицкоски кој дополни дека ако ги добие изборите, ќе се инвестира во модернизација на железничкиот сообраќај, со купување на 5 нови возови, евтини авиобилети за неколку дестинации низ Европа.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Домот секогаш ќе ви царува со здравје, среќа и просперитет ако ги имате овие цвеќиња

Не постои постои полесен начин да ја отстраните негативната енергија од домот и да ја наполните со неверојатно многу здравје, среќа и просперитет, со поставувањето на овие собни растенија низ просториите. Еве кои 10 чудесни собни растенија се смета дека поседуваат неверојатна моќ да внесат позитивна енергија во вашиот дом: […]