Мицкоски: Нема да дозволам Заев да избега од избори, денес ќе предложам нов професионалец за МВР

admin22

Отпорот на Зоран Заев кон Драган Ковачки е неправда, но најголема неправда ќе биде власта да избега од избори, па затоа денес ќе предложам нов човек за министер за внатрешни работи, најави предмалку на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Станува збор за професионалец и непартиски човек. За многу кратко ќе го дознаете неговото име. Чекам последни консултации со Заев и да се консултирам со Ахмети, како што налагаат законските прописи – рече тој.

Мицкоски истакна дека Ковачки не е противуставно решение, потсетувајќи дека Уставниот суд во 2004 година, во однос на претставка на Хелсиншкиот комитет за именувањето на Силјан Мицевски за шеф на полицијата, се произнел дека е ненадлежен за поединечен акт.

-Уставот не препознава категорија техничка влада и технички министер, но Заев и Спасовски се ставаат во улога на уставни судии кога сакаат да ги опструираат професионалците. Од друга страна, Законот за полиција предвидува дека работник во МВР не смее да основа и да застапува партија, но на Заев не му пречеше да го предложи Спасовски додека тој беше генерален секретар и потпретседател на СДСМ – истакна тој.

loading...
Loading...
Next Post

Оливер Спасовски спротивно на уставот е министер на МВР и потпретседател на СДСМ – велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Кога го дадовме предлогот (за Драган Ковачки – н.з.), го имавме предвид и членот 97 од Уставот, но го имавме предвид и членот 23 од Уставот кој вели: ‘Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции’“, велат од ВМРО-ДПМНЕ чиј предлог за министер за внатрешни во техничката […]