Мицкоски за Заев: Како мирно спие овој човек и како се прави како ништо да не се случува

admin22

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил напиша дека е во комуникација со претставници на Владата и кабинетот на Претседателот, поради зголемениот број новодијагностицирани со КОВИД-19.

-Денеска сум во комуникација со повеќе именувани лица од Владата на Спасовски и со Претседателот Пендаровски, загрижен за развојот на настаните и излегувањето од контрола на пандемијата со вирусот. Мора да се демонстрира сериозност и да се носат одлуки кои ќе значат заштита на здравјето на граѓаните, пишува Мицкоски на ФБ.

Во однос на прес конференцијата на Зоран Заев, тој вели дека има многу да каже, но, оти денешниот ден нема да го користи за преписки и конфликти и дополнително да ги вознемирува граѓаните.

– Работите се многу посериозни. Имаме црн понеделник, се заразуваат премногу луѓе, премногу и умираат, и јас не знам како само мирно спие овој човек и како се прави како ништо да не се случува и глуми нормалност, пишува лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

loading...
Loading...
Next Post

Боки 13: Од Орце Камчев не можеш да земеш 50 денари, а не па милион евра

Во завршнире зборови Бојан Јовановски проговори и за својот однос со водителката Лила Стојановска, која беше една од сведоците во случајот „Рекет“ на барање на Обвинителството. Тој вели дека во неволја се гледаат вистинските пријатели. Кога си во притвор се гледа кои ти се вистински пријатели, а кои не. Таа […]