Мизрахи: Таблата поставена пред Министерството е наследена од Мила Царовска

admin22

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска изјави дека таблата поставена пред Министерството е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла.

-Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, рече Мизрахи денска во Крушево.

Министерката додаде оти треба да и заблагодари на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, „заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа, според Мизрахи, длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ“.

loading...
Loading...
Next Post

На колку години ќе започне вашата вистинска среќа според хороскопскиот знак!

Се верува дека во животот на секоја личност постои период во кој сè ќе оди лесно како вода – работа, настава, љубовта, парите … Што не значи дека тој нема да биде среќен во текот на остатокот од животот, но особено во оваа фаза грижите и негативните емоции се минимизираат. […]