МОЌНА Молитва која ќе направи чуда во вашиот живот

admin22

,,Даровите од Бога – се моите дарови. Јас ги користам во секој момент од денот. Со мене се во Божествената хармонија, мир и изобилство. Божјата љубов излегува од мене и го благословува секој кој спаѓа во мојата околина. Божествената љубов ме лекува сега. Не се плашам од злото, зашто Бог е со мене.

Јас отсекогаш сум бил опкружен од светиот ореол на Божествената љубов и сила. Јас тврдам, чувствувам, знам и верувам решително и позитивно во тоа дека моќта на Божествената љубов и внимателност се насочуваат, исцелуваат и се грижат за сите во моето семејство и за оние кои ги сакам.

Јас им простувам на сите и искрено се надевам на Божествена љубов, мир и добрина за сите луѓе, без оглед на тоа каде се тие. Во центарот на моето јадро владее мир, тоа е мирот од Бога. Во оваа тишина ја чувствувам неговата сила, насочување и љубов, како и неговото Свето присуство.

Јас на божествен начин управувам со сите мои патишта. Јас сум чисто олицетворение на Божјата љубов, вистина и убавина. Јас чувствувам како во мене тече неговата реката на мирот. Знам дека сите мои проблеми се во мојот ум. Патиштата на Бог – се мои патишта. Зборовите кои ги зборувам, стигнуваат таму каде ги испраќам. Јас се радувам и искажувам благодарност, знаејќи дека ќе добијам одговор на молитвата. И тоа е така “.

Прочитајте ја искрено, со чувства. И вие сосема сигурно ќе добиете неверојатни резултати. Оваа молитва е универзална. Погодна е за секој и ќе помогне за подобрување на Вашиот животот.

Loading...

Молитвата е од книгата “Волшебната моќ на разумот” од Марфи.

Обидете се и ќе бидете пример за другите!

loading...
loading...
Loading...
Next Post

МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ: еве ја временската прогноза за овие денови

Облачно, студено и ветровито време од денеска во наредните неколку дена ќе преовладува во земјава. Во планинските региони и во западните делови од државата се очекува нова снежна покривка со висина до 20 сантиметри. Според најавите од УХРМ, долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и наместа ќе […]