Молитва за подобар христијански живот

admin22

Господи, Господи, сило на моето спасение!

Сврти Си го лицето од моите гревови, избриши ги моите беззаконија и помогни ми да се засили мојата вера во Тебе, Спасителот наш.

Мојата љубов кон Тебе да ги надвиши сите природни сили и секаква земна приврзност.

Верувам, Господи, помогни му на моето неверие пројавено во мисли, зборови и дела.

Разврзи го мојот ум од врските на овој свет, за да мисли според законите на Твојот боженствен разум. Ослободи го моето срце од товарот што лежи на него и го притиска кон земното. Дај и’ крила на волјата моја, за да ја бара и извршува Твојата света волја.

Loading...

Води ги моите стапки кон верата и љубовта, зашто несигурно одам и многу пречки има попатиштата на мојот живот. Ти си патот на спасението.

Нека Твојата вечна светлина ја осветлува мојата душа, та да може во сите случаи на сомневање, колебливост, нерешителност земен страв и човечка суетност да Те наоѓа Тебе – Патот на вистинскиот живот. Амин!

loading...
loading...
Loading...
Next Post

Денеска е Свети Григориј Богослов-Вечно име на сите кои слават

Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред Крштението учеше во Атина заедно со свети Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка, Нона. Кога го […]