НАЈМОЌНАТА Исусовата молитва (Господи Исусе Христе, помилуј ме….) ни дарува голема корист!

admin22

СИТЕ ХРИСТИЈАНИ СМЕ ДОЛЖНИ ДА СЕ ПОДВИЗУВАМЕ СО ИСУСОВАТА , УМНОСРДЕЧНАТА МОЛИТВА – Старец Јосиф Ватопедски

(Апостол Павле: Бидете постојани во молитвата (Кол. 4,2).)

Многумина се прашуваат дали може христијаните кои живеат во светот да се занимаваат со умната молитва?

Ние одговараме потврдно: Да!

На заинтересираните накратко ќе им ја објасниме оваа тема поради нивно подобро прифаќање на нашите совети и упатства, за ако досега не разбрале, подобро да го решат овој проблем за да не западнат во разни толкувања и одредување на молитвата.

Loading...

Молитвата е неопходно дејствување на секое разумно битие, чувствително и разумно – човечко или ангелско, па затоа ние заповедано непрестајно да се трудиме (да работиме на неа).

Догматската молитва не се дели на теми и на врсти, но според нашите Отци секој начин на молитва е корисен и доволен да не се исполниме со ѓаволска прелест.

loading...

Целта на дејствувањето се состои во тоа човековиот ум да Му се обрати на Бога и да го задржи усмерен кон Него.

Поради таа цел, Отците пронашле лесен начин и молитвата ја упростиле за умот полека да се движи (кружи) и постојано (истрајно) да пребива во Бога.

Кај другите дејства како посредници се јавуваат органите и сетилата на човекот, додека за блажената молитва потребна е голема умешност да се сочува умот додека молитвата постане плодоносна и прифатена од Бога.

Нашите најсвети Отци кои целосно го возљубија Бога, сите свои напори ги усмериле кон молитвата, како умешно средство кое во иднина е главен предмет на нивното соединување со Бога и постојано пребивање со Него.

Ние не говориме за разни видови на молитвата, вообичаени и познати на сите христијани, туку исклучиво за една, наречена умосрдечна молитва.

За оваа тема се интересираат верниците, но во повеќето случаеви таа се игнорира, а се толкува воглавно споредбено (се споредува со другите).

Сепак, ние нема да ги споменуваме нашите Отци кои нè упатуваат на конкретниот начин на извршување на молитвата и на резултатите кои нè водат до очистување и до осветување.

Ние, недостојните, го кажуваме само неопходното поради објаснување и прифаќање на молитвата од страна на браќата кои живеат во светот.

Отците ја нарекуваат „умосрдечна“ затоа што се твори со умот, а ја нарекуваат уште и „трезвена“.

Нашите Отци го определиле умот како слободна и рационална творба, која не трпи ограничувања и не е многу убеден во она што не може сам да го свати.

Затоа тие ја избрале нај едноставната молитва

„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“

– бидејќи не е потребен голем напор на умот за чување на долготрајните молитви и поради враќањето на умот внатре, во центарот на нашето разумно битие.

Пребивајќи таму мислено и призивајќи го најслаткото боженствено име на нашиот Господ Исус Христос, молитвеникот очекува што поскоро да се здобие со божествената утеха.

По тврдењето на нашите Отци, Себлагиот Владика Христос, Кој така ја посакува среќата на луѓето, не може да не ја чуе и да се јави на оние кои Го постојано и усрдно повикуват……

Mеѓутоа еве што говорат Отците:

„Човекот кој треба да патува треба да вложи напор и да застане на патот кој води во градот. Ако се случи тој да не стигне до крајот и поради некои причини не е успеал, тогаш Бог ќе го вброи кај оние кои успеале“.

Сите ние, христијаните, сме должни да се подвизуваме со молитви, посебно со Исусуовата умосрдечна молитва. Оној кој ќе ја постигне ќе има голема полза.

Кога е молитата присутна, тогаш човекот не се предава на искушенијата кои го демнат, бидејќи нејзиното присуство е трезвено и затоа „оној кој бдее и се моли не запаѓа во искушение“.

Исто така не го препушта човекот да западне во униние или немарност кои се причини за многу зла, туку напротив расте неговата побожност и ревност: покажува готовност за добротворство, кроток е и незлопамтив и секојдневно се умножуваат верата и љубовта кон Христа.

Имаме многу примери кај современите луѓе, особено младите кои со помош на добрите навики се имаат спасено од ужасните опасности или падови во канџите на пороците.

Затоа, повторуваме, молитвата е должност на секој верник, на било која возраст, потекло, положба, без разлика на место, време и начин.

Молитвата е секаде иста и се раѓа во оние кои имаат потреба за неа како што е посведочено во Писмо:

И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси (Дела 2,21).

Овде не постои никаква прелест како што шират гласини оние кои доволно не се запознаени. Доволно е да се изговара молитвата едноставно и смирено.

Крајно е неопходно за време на изговарањето (произнесувањето) на молитвата да не допуштаме во умот да влегуваат некакви слики (ликови или облици), дури ни нашиот Владика Исус Христос , ниту Владичицата Богородица или било кој друг светец, лице или претстава.

Претставите се средство за расејување на умот и преку нив се отвара пристап за помисли и прелести.

Умот треба да пребива внатре, а човекот со многу смирение да ја очекува Божјата милост.

Мислиме дека сега секоја крстена православна душа со вера може да ги оствари овие прости работи и да се најде во духона радост и веселба, а во исто време да има и Божји покров и помош во сите постапки и делувања.

И повторно им го повторуваме советот на оние кои го љубат Бога и тежнеат кон спасение:

не избегнувајте да ја испробате оваа добра навика, немојте да задоцните со изнаоѓањето на благодарствените зборови кон Бога, за Неговата благодат, милосрдие за кое зборуваат сите кои се потрудиле во тоа дејствување.

А ние ви говориме за да имате храброст: не се колебајте, не бидете малодушни кога ќе наидете на тешкотии и маки.

Современите старци, кои сме ги познавале, во светот имаа многу ученици, мажи и жени, брачни и безбрачни, кои го достигнале не само воведниот степен, туку и се издигнале по Благодатта и милосрдието на нашиот Христос, бидејќи лесно му е на Господа бргу и ненадејно да го збогати сиромавиот (Сир. 11,21).

Мислам дека нема полесно, поедноставно и по остварливо духовно занимавање од кратката молитва која донесува многу корист и напредок во денешниот хаос.

Неопходно е кога некој седи или се труди или е во движење, или пак е во кревет, или воопшто каде и да се наоѓа, да ја кажуваа оваа молитва.

Таа содржи во себе исповедање и призив, а со таков мал труд и напорја исполнува главната заповед:

Молете се непрестано! (1 Сол. 5,17), се сето свое огромно значење на нејзините резултати.

Сите вие кои сте во неволји, разочарани, ожалостени,
вие кои живеете во незнаење, маловерни и сите вие кои се наоѓате во разни искушенија, прибегнете кон утехата и решението на сите ваши проблеми!

Нашиот најсладок Исус Христос, Животот наш ни вели: без Мене не можете да направите ништо (Јован 5, 15). Значи, кога Го повикуваме постојано, ние никогаш не остануваме сами и затоа можеме да постигнеме се со Неговата помош:

Како епилог на напишаното, го повторуваме нашиот совет, дека е неопходно да се прифати Исусовата молитва со силна вера и дека ќе се здобиеме со голема корист.

loading...
Loading...
Next Post

ДАЛИ НЕКОЈ ЈА ЗНАЕ: Првата жена на Тито која имала само 14 години, а ја запознал во ...

Јосип Броз Тито беше во Русија во заробеништво на царската руска војска во текот на Првата светска војна. Како војник на Австроунгарија во 1915 година бил ранет на источниот фронт. А неговата рехабилитација траела една година во Омска, каде што ја запознал младатаПелагија. Првата сопруга на Тито била жена со […]