Најубавата струмичанка, Дефне: ,,Зоран Заев е најдобриот чичко на светот!”

admin22

После се за внуката на политичарот Зоран Заев, Ева Заева која е ќерка на неговиот брат и заинтересираноста на читателите за нејзината убавина, порталот носи информации од прва рака.

Ева Заева раскажува за својата голема љубов кон модата која умешно успева да ја балансира со средношколските обврски и ни открива за најдобрите совети добиени од својот чичко Зоран Заев.

1.Од каде љубовта кон модата?

Живееме во современо време во кое интересот кон модата станува се поголем, особено кај припадничките на понежниот пол. Тоа време исполнето со разни електронски и печатени медиуми кои ја третираат модата во своите содржини, неминовно има влијание на раѓањето на таа љубов кон модните трендови, кај нас младите генерации. Јас сум само едно од многуте девојчиња во Македонија, Европа и светот, кои ја имаат и негуваат таа своја љубов кон модата. Чинам дека не постои ниту едно девојче кое ја нема во себа таа љубов. Кај мене можеби таа е поизразена поради секојдневниот професионален ангажман на мојата мајка, која успешно раководи со една конфекција во Струмица.

2.Како успеваш да се посветиш паралелно и на училиштето и на создавањето модни креации?

Loading...

Јас сум ученичка во Колеџот „Јахја Кемал“ во Струмица, но посетувам часови и на медицинската струка во Средното општинско училиште „Димитар Влахов“. Тоа значи дека училишните обврски ми се преголеми, па како и секој друг ученик, така и јас, барам начин за релаксација, за опуштање, за земање здив. Мене најмногу ме релаксира кога ја пуштам мојата имагинација да пронаоѓа разни модни креации кои би ми биле интересни. Притоа експериментирам со цртежите, па често пати ми успева да креирам нешта кои се по мој вкус. Значи, создавањето модни креации, за мене е само хоби и еден вид издувен вентил од училишното секојдневие.

3.Дали професијата моден дизајнер би била твоја професионална определба и дали високото образование ќе го насочиш во тој правец?

loading...

Уф, тоа е многу тешко прашање на кое не би имала прецизен одговор. Да се биде моден дизајнер е сон на секоја креативна девојка која има афинитети кон дизајнерството , па така е и мој сон. Проблемот е во тоа што овој мој сон, не е единствениот што го сонувам со отворени очи. Вториот сон е поврзан со медицината, бидејќи од мали нозе имав голема желба, кога ќе пораснам да станам докторка. Таа желба и денес не ме напушта. Кои од тие два сона би сакала да стане мое јаве, се уште е рано да се каже.

4. Како би го дефинирала својот моден стил?

Јас сум девојка како и сите други и не преферирам некакви посебни стилови на облекување. Најубаво се чувствувам кога се носам спортски и лежерно, кои на најдобар можен начин ја одразуваат слободата на живеењето и возраста во која се наоѓам.

5.Кога споделуваш фотографии на социјалните мрежи редовно добиваш позитивни коментари за изгледот, но и за изборот на модни парчиња. Си размислувала ли да станеш дел од модниот свет како модел?

Не. Не би сакала да бидам модел. Модната патека (писта) не е она што ме привлекува. Тоа е нешто што е минливо и не е воопшто креативно. Ако еден ден модата навистина стане моја животна професија, тогаш би била зад параванот на модната патека, како моден креатор, а не на самата патека како модел.

6.Колку за твојот изглед се заслужни гените, а колку посветувањето и работата на себе, водењето на здрав и активен начин на живот?

Генетиката си го прави своето. Тоа значи дека главни „виновници“ за мојот изглед се мама и тато. Нели велат дека „крушата под круша си паѓа“, хахаха. А што се однесува до исхраната и физичката активност, тогаш мора да признаам дека се трудам колку што можам да се хранам здраво, но ми недостасува поголема физичка активност, за која немам толку многу време, со оглед на училишните обврски. И она малку слободно време што го имам, му го посветувам на моето хоби – креациите, па вежбањето го „заборавам“.

7.Кој ти е идол во светот на модата, како кого сакаш да бидеш еден ден?

Ако еден убав ден станам моден креатор, би сакала да останам Ева Заева. Тоа значи дека сакам да бидам своја и оригинална, без какво било влијание од други креатори. Ги почитувам сите познати и признати модни креатори кои работат кај нас, и оние кои прават модни ревии во Лондон, Париз или Милано, но идолопоклонството не е дел од мене.

8.Каков чичко е Зоран Заев? Кои се најважните совети за животот кои си ги добила од него?

Сосема е нормално, сите што имаат чичковци да си ги сакаат и да мислат се најдобро за нив, но верувајте ми, јас го имам најдобриот чичко на светот. Тој ми е и чичко, и пријател и другар… Жал ми е за оние кои не успеале да го запознаат, за да го откријат неговиот вистински лик. Тие што добро го познаваат, знаат кој е и каков е Зоран Заев. Кога за него „плетат“ разни невистини, ми е премногу смешно. Како да зборуваат за некој друг човек, а не за мојот чичко Зоки. Тој знае често пати да ме советува, на пример, да читам многу книги, да бидам богата со стекнување на голем број пријателства, да бидам добра и секогаш да сум подготвена некому да помогнам. Всушност тој ме советува да ги имам истите доблести што тој ги поседува.

9.Иако многумина би рекле дека животот во познато семејство веројатно знае да донесе единствено привилегии, колку всушност токму тој факт може да биде „пречка“ во секојдневниот живот или во начинот на кој околината гледа на тебе?

На Вашето прашање ќе одговорам со прашањето од една позната песна од Тоше Проески, кога тој вели „Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи“.

Внуката на политичарот Зоран Заев, Ева Заева која е ќерка на неговиот брат, полека но сигурно влегува во светот на модата. Сама креира модни парчиња кои подоцна ги споделува на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Неодамна заврши и курс за моден дизајн во едукативниот центар „Кариера Плус“, а по добивањето на сертификатот, нејзините креации беа дел од групната ревија на центарот, одржана за време на последното издание на модниот викенд во Скопје.

Досегашните резултати потврдуваат дека во Ева Заева лежи огромен моден потенцијал. Но, ако се разгледаат нејзините фотографии на социјалните мрежи, станува јасно дека освен како моден дизајнер, Заева би можела одлично да се реализира и во улогата на модел. За секоја објавена фотографија добива низа позитивни коментари од оние кои ја поддржуваат во она што го работи, но и од оние кои се восхитуваат на нејзината убавина. Кога не носи своја креација, Ева Заева повторно избира да облече нешто впечатливо и тренди и со тоа јасно го истакнува својот моден вкус.

Кога би требало да составиме листа од 10 најубави Македонки, Ева Заева сигурно би добила свое место. Фотографиите во прилог нека бидат објаснување за тоа зошто заслужува да се најде во листата со ТОП 10…

loading...
Loading...
Next Post

АСТМА, КРВЕН ПРИТИСОК, РАК: Од што се разболувате открива месецот кога сте родени

Јануари: Висок крвен притисок Срцеви заболувања Февруари: Малиген тумор на бели дробови или на бронхиите Давење Март: Срцеви болести Проблеми со циркулацијата Април: Болки во гради Болести со срце Мај: Нема болести Јуни: Болки во гради Астма Јули: Нема болести Август: Инфекции со очите Септември: Респираторни инфекции Инфекции на уши […]