Никола Тодоров со пофални зборови кон Филипче како се справува со корона вирусот

admin22

Екс-министерот за здравство, Никола Тодоров во колумна за „Дојче веле“ имаше пофални зборови за актуелниот прв човек во Здравство, Венко Филипче.

Тој истакна дека министерот, Комисијата за заразни болести и сите надлежни лекари и експерти одлично се борат со епидемијата.

– Дозволете ми, ослободувајќи се од таа министерска суета, како поранешен вицепремиер и министер за здравство да истакнам дека и актуелниот министер за здравство, Д-р Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, во која членуваат многу искусни наши доктори и експерти, но и сите останати здравствени работници и соработници одлично се борат со Ковид-19.

Сакам јавно да им честитам и да им се заблагодарам на сите овие луѓе кои во добар дел и одлично, лично ги познавам, за целата организација, за смиреноста и мудроста со која ги носат и спроведуваат одлуките.

Добро е што ниту избрзуваат, ниту доцнат со одлуките, туку носат навремени и исправни решенија – пишува Тодоров.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Казни за седуммина од Кавадарци за неспроведување самоизолација

Кавадаречкото јавно обвинителство денеска поднесе предлози за казнен налог за седум жители на градот кои во понеделникот се вратиле во Македонија и веднаш го прекршиле карантинот кој им бил одреден од надлежните. Тие се товарат за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од […]