НОВ БРАН НА МИГРАНТИ: Во Гевгелија уапсени 62 мигранти во товарен воз

admin22

Вкупно 62 мигранта се откриени вчера попладне при контрола на два товарни воза кои пристигнале на Железничката станица Гевгелија од Грција.

Во првиот воз се пронајдени 42 мигранта од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир. Мигрантите се откриени во 15:55 часот од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Австрија откако возот пристигнал во 15:25 часот.

Подоцна, во 19:00 часот вечерта, при контрола на товарен воз кој, исто така пристигнал од Грција, пронајдени се уште 20 мигранти, осум од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир.

Сите се пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

loading...
Loading...
Next Post

Педофил жив запален од граѓани по обвинение дека силувал и убил 6-годишно девојче

Маж обвинет дека силувал и убил шестгодишно девојче бил жив запален во местото Какахоатан во јужниот дел на Мексико, соопштија властите во сојузната држава Чиапас. Група граѓани го фатиле Алфред Роблеро и го обвиниле за силување и убиство на дете, чие исчезнување е пријавено вчера од страна на семејството. Обвинителството […]