ОД ДЕНЕСКА: Лимитот за плаќање во кеш зголемен на 3000 евра

admin22
loading...

Наместо 500 до 3.000 евра плаќање кеш, се дозволува со измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам. Измените беа усвоени по скратена постапка на собраниската седница одржана на 27 декември, а се по иницијатива на група пратеници. Подносители на предлогот да се зголеми лимитот за плаќање во готово беа пратеницте Ејуп Алими, Реџаиљ Исмаили, Агим Шаќири, Александар Филиповски, Агим Муртезанов и Мирослав Јованов. За измените гласаа 54 пратеници, немаше против и воздржани.

Министерството за финансии, заради намалување на сивата економија напрво го намали прагот за плаќање во готово од 15.000 на 2.000 евра. На први јануари 2019 тој праг се намали на 1.000 евра, а од јуни на 500 евра. Тогашниот министер за финансии Драган Тевдовски кажа дека примената на оваа мерка е една од причините за позитивниот извештај на Европската комисија во областа на борбата со сивата економија.

„Во Законот за спречување перење пари го намаливме лимотот на кеш плаќање, што е една од посилните мерки“, рече лани ексминистерот за финансии Драган Тевдовски.

Во образложението на групата пратеници подносители на измените се вели дека постојната регулатива ги ограничува граѓаните и им создава дополнителни обврски.

„Утврдената одредба, во периодот од нејзината примена од 1 јуни 2019 година до денес, предизвика ограничувања за голем број на граѓани кои согласно со своите потреби, правото за плаќања во готовина за стоки и услуги за износ поголем од 500 евра во денарска противвредност не можат да го искористат заради ограничувачката одредба, која наметнува дополнителини обврски за граѓаните. Поради ограничувачкиот законски износ, во многу секојдневни ситуации со кои се судираат граѓаните потребна е предметната измена на Законот и нејзино усогласување со правните прописи за вршење на готовински плаќања со земјите од Европската Унија како што се Белгија, Италија, Унгарија, Чешка, Полска, Латвија, Словенија и други“, се вели во образложението на пратениците.

Loading...

Измените на Законот ќе стапат на сила со објавувањето во Службеник весник.

loading...
Loading...
Next Post

КЕ ПАЃА ЛИ ВЛАДАТА НА ЗАЕВ: Сеуште неизвесен предлогот за технички министер за внатрешни

Најавите за техничка влада се очекуваат за утре, додека решението за технички министер би требало да „падне“ денеска доколку партиите успеат да најдат компромис и да ги испеглаат разликите во ставовите. Актуелниот премиер Зоран Заев треба да се повлече на 3 јануари, утре, од функцијата согласно процедурата за техничка влада, […]