Оливер Спасовски спротивно на уставот е министер на МВР и потпретседател на СДСМ – велат од ВМРО-ДПМНЕ

admin22

„Кога го дадовме предлогот (за Драган Ковачки – н.з.), го имавме предвид и членот 97 од Уставот, но го имавме предвид и членот 23 од Уставот кој вели: ‘Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции’“, велат од ВМРО-ДПМНЕ чиј предлог за министер за внатрешни во техничката влада беше отфрлен од премиерот Зоран Заев како – неуставен.

„Дојче веле“ пишува дека во опозициската партија не се согласуваат со лажното морализирање и потсетуваат на повеќе преседани во минатото, но и во сегашноста.

„Да го земеме примерот со Оливер Спасовски, кој е на функцијата министер за внатрешни работи. Законот за внатрешни работи е јасен. Членот 32 од овој закон предвидува:

‘Министерот, заменикот на министерот, државниот секретар, директорот на Бирото, директорот на Управата и раководните работници во Министерството имаат статус на овластени службени лица’. Член 168, став 1, од истиот Закон определува:

‘Работник во Министерството не смее да основа, да раководи, да ја застапува и претставува политичката партија и да биде член на органите на партијата утврдени со нејзиниот статут’.

Loading...

А Спасовски е потпретседател на СДСМ! И после излегува дека нашиот предлог бил преседан“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетуваат дека во минатото Уставниот суд се прогласил за ненадлежен да одлучува за предлог сличен како нивниот за Ковачки, и дека тој став сега е судска пракса, пишува Дојче веле.

loading...

Од +ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека изборот на техничката влада нема да биде доведен во прашање и дека до четврток ќе се затвопри тоа прашање.

Извор: Експрес

loading...
Loading...
Next Post

Големо изненадување за овој хороскопски знак денес: еве што ви носи хороскопот

Овен На овој ден можеби ќе бидете изненадени од нечии постапки. Сè што се случува, затоа подгответе се за промената. Бик Направете нешто добро или добро тој ден, и зошто не и двајцата. Важно е дека сте задоволни со самите себе. Близнаци Во текот на овој ден, не пропуштајте да […]