Падна оставка во Вмро-Дпмне: Еве кој ја поднесе

admin22

На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес на кој тој нема да се кандидира, но тие едногласно го одбиле предлогот, брифираат од партијата вечерва.

„Седницата на Централниот комитет започна со говор на претседателот Христијан Мицкоски на кој направи ретроспектива на целокупното раководење со партијата на сите аспекти, отворена дискусија за состојбите и загриженоста за целокупната економска и политичка ситуација. Иако до пред почетокот на седницата не беше пристигната иницијативата за свикување на вонреден конгрес, претедателот Мицкоски на свое барање стави точка на дневен ред иницијатива за одржување на вонреден конгрес на кој тој не би се кандидарал.

Таквата точка едногласно од страна на Централниот комитет била отфрлена, по што Мицкоски ја продолжи седницата на која ќе предложи нови состав на извршниот комитет“, брифраат од ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

Во текот на денот се шпекулираше со повеќе имиња на нови членови на Извршниот комитет, но од партијата велат дека голем број информации не биле точни.

Како што неофицијално Алфа дознава дека генералниот секретар Игор Јанушев поднел оставка од приватни причини.

loading...

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова го прокоментира вечерашниот Централен комитет на партијата, каде според информациите лидерот Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес на кој тој нема да се кандидира, но тие го одбиле предлогот.

Доаѓа на ЦК со предлог за нов Извршен комитет, а пред тоа предлага на ЦК Конгрес кој истиот експресно му го одбиваат. „Театарче Лево ќоше“, напиша Рангелова.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва го избира и новиот состав на Извршниот комитет.

Loading...
Next Post

Сашо Тасевски му подари памперс пелени на Ненад Јовановиќ

Тензично издание на вчерашната „САМО ВИСТИНА“ на Канал5 во која гостуваа Сашо Тсевски и Ненад Јовановиќ. Емисијата почна со навреди од двете страни, пред се испоровоцирани од еден Фејсбук пост на Јовановиќ Сашо Тасевски рафално ја напрадна власта особено обвинувајќи ја , како што кажа , за предавничките договори со […]