По Мухамед Зекири и директорката на УЈП Сања Лукаревска позитивна на коронавирусот

admin22

Директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна на тестот за коронавирус. Таа се тестирала откако вчера ја дознала веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири има коронавирус, со кого имала работни состаноци. Лукаревска вел идека нема никакви симптоми и дека е во самоизолација.

„После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно,направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција.

Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена. Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација“, вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Вчера потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири објави дека тој, неговата сопруга и неговото тримесечно дете се позитивни на коронавирус. Поради контактите со него, во самоизолација се уште и вицепремиерката Мила Царовска, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски и новинарката на ТВ 24 Душица Мрѓа.

loading...
Loading...
Next Post

Системот на ФЗО во целосен прекин, не може да се издаваат рецепти, а и да се закажуваат термини за тестирања

Сервисот на Фондот за здравствено осигурување преку кој докторите закажуваат термини за прегледи и издаваат рецепти не работи од утринава. Поради ова, тие не можат да ги извршуваат своите редовни работни обврски, односно нивната работа е во целосен прекин. Матичните доктори велат дека немаат добиено известување од Фондот дека услугите […]