Почина 19-годишна девојка од Битола која беше суспектна но не и тестирана на Ковид-19

admin22

Почина најмладиот пациент во Ковид-центарот во Битола, 19-годишната пациентка од Битолско, која се водеше како суспектна на коронавирус, но не беше тестирана.

„Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати“, вели директорката на Битолската болница Билјана Гагачовска.

Постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од ковид-19. Девојката беше со Даунов синдром.

Loading...

Во Ковид-центраот во Битола хоспитализирани се вкупно 134 пациенти, за едно деноноќие примени се 23 лица, испишани 11, а починати двајца на 63 и 69 години.

Извор: сдк.мк

loading...
Loading...
Next Post

Д-р Кунгуловски со нова стратегија за вакцинирање при дефицит на вакцини

Придобивките од оваа стратегија се двострани, стеснет ланец на преносливост, што води до намалување на случаи со зараза и намален број на луѓе каде што потенцијалната зараза ќе води до сериозна форма на болеста. Докторот Горан Кунгуловски на својот Фејсбук профил предлага која стратегија треба да се спроведе за вакцинирање […]