Почина Драган Вучиќ на инфективна клиника од коронавирус

admin22

Почина водителот Драган Вучиќ, кој претходниве денови бил во тешка здравствена состојбата хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, откако му бил дијагностициран коронавирусот. Вучиќ поради состојбата бил ставен на респираторна поддршка.

Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје, а работеше како композитор, пејач и водител.

Тој беше композитор на бројни поп хитови како „Свирете ја Зајди Зајди“, „Ангели ме носат“, а во 2005-тата ја компонираше песната „Make My Day“ која ја претставуваше државата на Евровизија. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“.

Познат е во јавноста и по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други.

Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

СЕ САМОУБИЛ ШТИПЈАНЕЦ: Во неговата проштална порака напишал работи поврзани со КОВИД-19

Едно убиство и четири самоубиства бележи билтенот на полицијата откако почнаа рестриктивните мерки во државава поради коронавирусот. Еден случај од самоубиствата кој е регистриран во Штип е поврзан со КОВИД-19. Лицето како причина за самоубиството во последната порака ја посочило расправијата со сопругата околу коронавирусот. Во истиот период регистрирани се […]