Полесно за работа: еве што се менува во Германија од 1 март за Балканците

admin3

Новиот закон во Германија, кој ќе стапи на сила од 1 март, ги олеснува процедурите за вработување работници кои живеат во земји кои не се во Европската Унија и овозможува престој во Германија до шест месеци, само за барање работа.

Ова значи дека државјаните на земјите кои не се во ЕУ се изедначуваат со резидентите на Унијата во однос на правата за вработување во германските компании.

Со новиот закон се поедноставени процедурите за признавање на дипломите на доселениците од трети земји, со што ќе се скрати времето на чекање за издавање официјална потврда и нострификација на дипломите.

Воведена е и можност дури и оние кои немаат сигурна работа во Германија да може да престојуваат во таа земја со посебна виза и до шет месеци барајќи работа. За да добијат такво одобрение, ќе мора да исполнат одредени услови, како што е доказ дека имаат доволно средства да се издржуваат затоа што нема да имаат право на социјална помош.

Досега граѓаните од регионот можеа да останат во Германија најдолго три месеци.

Loading...

На врвот на листата најбарани професии во Германија се програмери, инженери, електричари, негуватели и здравствени работници. Во Германија моментно недостасуваат околу 1,7 милиони индустриски работници, мајстори и медицински персонал.

loading...
Loading...
Next Post

Избегав од дома бидејќи се вљубив во Ром: тој беше наркоман, а неговите ме дочекаа како снаа

Не им се јавував на моите родителите, затоа што тие не го сакаат Видан бидејќи е ром. Таа како што изјавила, побегнала поради недозволена љубов. -Не им се јавував на моите родители затоа што не го сакаат Видан бидејќи е ром, објаснила Марина. Таа сега е кај својата баба но, […]