Потресна исповед на најубавата актерка во Југославија: „Го продавам мебелот и спомените за да преживеам

admin22

Оливера Катарина, една од најубавите актерки од Југославија, проговори за тешката животна судбина која и се случила на 78 години.

Славната српска актерка и пејачка живее во изнајмен стан во Белград, а ситуацијата и е таква што е присилена да го продава мебелот за да преживее.

-„Поради гордоста не барам ништо од никој. Така е и сега, кога го продавам мебелот и спомените за да ги платам сметките. Не сакам да зборувам за тоа, ниту синот да го заморувам со моите проблеми. Некој одамна рекол: „Мојата сиромаштија е доказ на моето достоинство и чесност.“- гордо тврди Оливера.

Loading...

Оливера во колективната меморија остана запаметена со улогата во еден од најдобрите филмови „Собирачи на перја“, во кој актерски партнери и биле Бата Живојиновиќ и Беким Фехмиу.

Денес заборавената Оливера тврди дека во еден период од животот имала само два фустани и ги носела патиките од својот син.

loading...
Loading...
Next Post

Британски научник тврди: Новиот сој на коронавирус ќе се рашири низ целиот свет

Британскиот професор по медицина на Универзитетот Ливерпул и член на советодавното тело за итни ситуации, Калум Симпл. оцени дека новиот сој на коронавирус, кој се шири низ Велика Британија, најверојатно ќе стане доминантен во целиот свет. Тој истакна дека новиот сој има предност стекната со еволуирање побрзо да се шири […]