ПОУЧНА ПРИКАЗНА: За сите жени кои имаат проблеми со свекрвата

admin22

Девојката наречена Лили се омажила и отишла да живее кај својот сопруг и неговата мајка. За кратко време Лили сфатила дека нема шанси да живее во мир со својата свекрва.

Лили и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. А фактот дека Лили, според древниот кинески обичај морала да се покорува, уште повеќе ја отежнувало состојбата.

Поради овие кавги и неслога во домот, мажот ужасно страдал.

На крај, Лили повеќе немала сила да го издржи лошиот карактер на свекрвата, па решила што побрзо да направи нешто.

Отишла кај еден познат билкар. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да и продаде отров, за да може да го реши проблемот.

Loading...

Човекот се замислил и рекол: “Лили, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Лили прифатила.

“Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа еве ти повеќе чајеви кои полека ќе го трујат нејзиниот организам. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Сепак, мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа мора да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа, биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“

loading...

Лили била пресреќна. Се заблагодарила и поитала дома за што побрзо да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале седмици, месеци…Лили секој ден и сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој и нагласи дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата.

После 6 месеци атмосферата во домот била многу поинаква.

Лили научила толку добро да се контролира, што повеќе не се лутела ни била нервозна. Немала ни една причина за тоа од страна на свекрвата во последните 6 месеци. Свекрвата била многу понежна, па обостраното разбирање навистина се забележувало. Нејзиното однесување кон Лили се сменило, па дури почнала да ја сака како родена ќерка.

Лили и нејзината свекрва сега се однесувале како мајка и ќерка.

Лили еден ден отишла повторно кај билкарот и го замолила за помош. Барала од него лек за да го спречи отровот. Таа е сега прекрасна жена и ја сакам како мајка, рекла Лили. Не сакам да умре од отровот што и го давав.

Билкарот и одговорил: “Никогаш не сум ти дал отров. Тоа беа витимани кои го подобрија нејзиното здравје. Единствениот отров беше во твоите мисли, но сега и тоа го нема!“

Во Кина се вели: Човекот што ги сака другите, е човек што е сакан од другите!

loading...
Loading...
Next Post

КОИ СЕ: 3-те растенија во домот што привлекуваат пари

Цвеќињата не се само декорација на ентериерот и нивната цел не е едноставно да ја освежат просторија – некои од нив се симбол за просперитет, финансиски просперитет и среќа. Меѓу љубителите на флората, најбарани се 3-те видови на растенија кои носат богатство. Тие можат да ви донесат вистинска финансиска благосостојба […]