Пред спиење легнете си со оваа молитва за Св. Никола

admin22

Денес е голем празник и строго е забрането да се извршуваат потешки домаќински работи, а исто така не треба да се јаде мрсна храна затоа што овој празник е посен.

На овој голем ден, помолете се со оваа молитва.

О, себлаги оче Никола, пастиру и учителу на сите кои со вера прибегнуваат кон твоето застапништво, и усрдно со молитва те повикуваат, побрзај и избави го Христовото стадо од волците кои го растргнуваат и со своите свети молитви огради ја и сочувај секоја христијанска земја од буни, земјотреси, напади на туѓинци и меѓусебни војни, од глад, поплави, пожар, меч, уништување и изненадна с*рт, и како што се смилува над тројцата мажи што беа во темница и ги избави од царевиот гнев и посекувањето со меч, така смилувај се и на мене кој и сам се наоѓам во темнината на гревот со ум, зборови и дела, и избави ме од Божијот гнев и вечната казна, па заради твоето посредување и помош, како и заради Своето милосрдие и помош, да ми подари Христос Бог тивок и безгрешен живот во овој свет, и да ме спаси од стоењето од левата страна, а да ме удостои да стојам од десната страна со сите светии. Амин.

loading...
Loading...
Next Post

Дневен хороскоп ден после Св. Никола: Овенот да внимава на здравјето

ОВЕН Некои грешки на полето работа може да бидат прилично тешки за вас. Внимавајте да не направите поголеми компликации. Можно е да не ви е нималку лесно со саканата личност да остварите стабилност во љубовниот однос. Посетете лекар. БИК Некогаш имате впечаток дека ситуацијата ви е премногу комплицирана, и дека […]