Приведени 18 граѓани, а 74 се опоменати, поради непочитување на полицискиот час

admin22

Во текот на изминатата ноќ 18 граѓани биле приведени, а 74 поминале со опомена, за непочитување на полицискиот час, кој стапува на сила од 21 часот до 06 часот, неофицијално дознава „Фокус“.

Од приведените, како што дознаваме, петмина биле од Тетово, по двајца од Гостивар, Радовиш и од Куманово, кај кои било пронајдено и оружје, а по еден од Штип и Кочани.

Според надлежните ноќта поминала мирно и генерално се почитувала забраната за движење.

loading...
Loading...
Next Post

(ВИДЕО) Полициски час или жмурка: Вака помина полицискиот час во Чаир

На социјалните мрежи се споделува видео снимено од тераса од зграда во скопската општина Чаир на која се гледа како човек се шета по улица за време на полицискиот час. Но, кога наидува полициско возило, тој се криеше позади паркираните автомобили. Празни улици, полиција на секоја поголема раскрсница… Вака синоќа […]