Приведени петмина скопјани за лепење плакати од политички партии

admin22

Во СВР Скопје денеска во 2:45 часот било пријавено дека на заштитна ограда од објект во изградба на улица „Фрањо Клуз”, од полициски службеници биле забележани Н.Б.(19), И.Л.(19) и М.И.(20), сите од Скопје, кои на местото на настанот пристигнале со патничко возило „југо”, со скопски регистарски ознаки, како лепат плакати од политичка партија, без соодветно одобрение.

Предизборен плакат на политичка партија, како што соопшти МВР, бил забележан и на надвозник на улицата „Лука Геров” а на трансформатор од ЕВН имало залепени плакати од политичка партија.

Случајот бил пријавен во 00:15 часот во СВР Скопје. Подоцна во 1:07 часот било пријавено дека на улица „4 Јули”, во населба Дексион, од полициски службеници од полициска станица Ѓорче Петров биле забележани Б.С.(29) и В.Р.(40), двајцата од Скопје, како поставуваат висечки банер на политичка партија, кои се изјасниле дека немаат одобрение за поставување на банери.

Во текот на вечерта помеѓу 2 и 3 месецов на подрачје на Општина Ѓорче Петров биле поставени околу пет-шест висечки банери на повеќе локации. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

loading...
Loading...
Next Post

Силјановска до Шилегов: Среќа, Петре пешки одам, не ми требаат ваучери за такси

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова преку статус на Фејсбук му одговори на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кој јавно ја прозиваше преку негов пост на Фејсбук. Среќа Петре, пешки одам, не ми требаат ваучери за такси, па слободно се движам насекаде. Вклучително и од оваа страна на […]