Пробиштип се вклучи на листата на градови со заразени од Ковид-19

admin22

Пробиштип денеска се запиша во листата на градови со заразени од коронавирусот.

Засега има еден позитивен случај.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов апелира граѓаните да се почитуваат мерките за заштита.

„Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно на вирусот, лицата со кои имаше воспоставено контакти беа во самоизолација изминатиот период. За жал, едно од тие лица е позитивно на корона вирусот. Истото лице ќе остане на домашно лекување бидејќи се чувствува добро“, вели Анастасов.

Градови со најмногу заболени се Скопје и Куманово.

Loading...

Во Македонија сега има 663 заболени.

Најмладиот пациент е четиримесечно бебе од Кочани.

loading...

Бебето и мајката се задржани на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

loading...
Loading...
Next Post

Починатиот затвореник од Шутка бил позитивен на коронавирус

47 годишниот притвореник од Ресен кој вчера рано утрото починал од срцев удар, во затворот во Скопје, по направена обдукција бил позитивен на коронавирус. „Починал од срцев удар, немал симптоми, немал висока температура. Примен е на 8-ми минатиот месец, меѓутоа на обдукцијата по земениот брис тој е позитивен на вирусот […]