РУСКОСКА СЕ ЗАКАНИ: Финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева дома

admin3
loading...

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

– Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави вечерва Рускоска.

Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор откако скопскиот Апелациски суд донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јанева и и одреди мерка куќен притвор.

Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август по што судот и одреди мерка притвор. На 3 декември е закажано првото судско рочиште за случајот „Рекет“.

Инаку предходно околу десет дена, пред да биде уапсена и приведена, Катица Јанева била физички следена по налог на Вилма Рускоска. Обвинителството за организиран криминал има службени белешки, со кого Јанева остварувала средби, каде одела и дали евентуално додела била следена, се сретнала и со останатите осомничени во „Рекет“. Боки 13 и Зоран Кичеец физички биле следени повеќе од еден месец. Адвокатите одбегнаа да ги коментираат доказите од посебни истражни мерки кои ги видоа денеска. Во среда ќе се сретнат со Катица Јанева за да им даде насоки како да ја водат обраната за неа,

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Бројот на вашиот дом ви ја одредува среќата

Можеби ви делува неверојатно, но бројот на вашата куќа може да ја предодреди вашата среќа или животот и влијанијата кои ги имате. Тоа не значи дека точно укажува што ќе ви се случува, туку само ги дава можните влијанија кои ќе ги чувствувате, свесно или несвесно, а зависно од тоа […]