СДСМ: На 12 април враќање на режимот нема да има

admin22

Откако се случија демократските промени на локално ниво, до денес за 2,5 години од страна на градоначалници, општини и други надлежни институции поднесени се речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на режимската ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го велат СДСМ.

– Од овие 300, досега се процесирани 129 кривични пред надлежни судови. Но многу од овие слуачи се чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти од страна на остатоците од заробената држава во судството. Структурите од сваровски судството ја опструираат правдата на секое ниво.

Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството. Истовремено, покажува дека нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски.

Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара, велат тие.

Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште е присутна криминалната матрица.

Loading...

– Затоа за опозицијата главен приоритет и натаму е одбрана на криминалот од нивното 11 годишно уништување на државата. Затоа, граѓаните на 12 април ќе им испорачаат нов пораз на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и јасно ќе порачаат дека враќање на режимот нема да има, додаваат СДСМ.

loading...
Loading...
Next Post

ФИЈАТ ЦАНОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА ГРУЕВСКИ: Додека побегуљата се криеше во гепеци, јас останав и продолжив да инвестирам во Македонија

Фејсбук статус на бизнисменот Фијат Цаноски, одговор на „пpoзивката“ од страна на Никола Груевски Гладна кокошка, просо сонува. Пpeбеганиот затвopеник не му беше доволна цела тopтура која ја направи во неговото владеење па дури и затвop посакувал, а и бог знае уште што не да останеше на влacт. Човек без […]