Се огласи и Сефер Цаноски: Јанкулоска пред да влезе „внатре“, да ја покани на кафе Емел Рамковска

admin22

Вчера и завчера, на социјалните мрежи и некои медиуми, се шпекулираше дека поранешната Министерка во МВР и поранешен висок функционер во сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, најверојатно побегнала по примерот на Никола Груевски, за да не ја одлежи ка зната.

Сепак, вчера наутро, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи Гордана Јанкулоска и кажа дека е во својот дом и кој сака може да и оди на кафе. Притоа таа го повика МВР да не прави спектакли со тоа што има распоредено свои припадници околу нејзината зграда, притоа нарушувајќи го комодитетот на нејзините соседи.

Завчера за неделникот Фокус, изјава даде сопругот на Гордана Јанкулоска, кој резигнирано изјави:

-Искрено да ви кажам, дека не заслужувате генерално како новинари било какви коментари, затоа што за сите изминати години некритички го покривате работењето на правосудните власти.

Во изминатите два дена, можеа да се видат бројни коментари со поддршка за Гордана Јанкулоска, но имаше исто така бројни коментари во кои се потсетуваше, како и на кој начин постапуваше МВР, во време кога министерка беше токму Јанкулоска.

Loading...

Се потсетуваше како беше приведуван Љубе Бошкоски, како беа приведувани и какви премрежја преживеаја вработените на патарините, за кои и ден денес нема конечна пресуда. Во меѓувреме, многу од тие луѓе и поч инаа како последица од нехуманиот однос кон нив.

Еден од оние кои се присети на владеењето на претходната гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ, беше и бизнисменот Сефер Цаноски, чија тогашна сопруга, Емел Рамковска одлежа 6 години во Идризово:

loading...

„Гордана Јанкулоска: „Дома сум, кој сака нека повели на кафе”. Препорачувам да ја покани Емел Рамковска пред да влезе. Таа најдобро ќе и објасни како се издржуваат цели 6 години за твор.

Емел беше не со едно туку со три малолетни деца во моментот кога ги за творија како глувци без да има можност да си ги види децата со години. Правдата може да задоцни, но секого ќе го стигне, напиша Цаноски.

Емел Рамковска е ќерка на сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски, која во судскиот процес „Пајажина“ беше осудена и одлежа шест години во за твор. Пресудата беше донесена и обвинетите беа уапсени додека на чело на МВР беше токму Гордана Јанкулоска.

loading...
Loading...
Next Post

Тие се омилениот актерски пар во Турција – вака изгледаа на својата свадба (ФОТО)

Познатиот пар од 1001 ноќ и Далеку од дома, хит серијата на Сител, Бергурзал Корел и Халит Ергенч се венчаа во 2009, за нивната љубов се пишува многу, но тие лично многу ретко изнесуваат детали од приватниот живот. Поради тоа, папарацо фотографите многу често се обидуваат да ги „уловат“ на […]