Се плашев за ќерката, дома седев со две маски: Исповед на тетовката Мелиса

admin22

Тетовката Мелиса Ценовска успеа да ја добие битката со коронавирусот. Со неполни 30 години болеста ја поминала без поголеми компликации, но се плашела вирусот да не го пренесе на некој друг.

Симптомите ги почувствувала четири дена пред тестирањето, за кое самата била упорна да го направи. Биле незабележливи симптоми, но главниот бил губењето на осетот за мирис.

– Симптомите одеа вака. Понеделник кивање, вторник затнат нос, среда вечерта губење на осетот за мирис, кивање нема, носот не е затнат, но мирис нема. Тоа е симптомот. Тоа не наведе на брис во петок. Сабота резултат и изолација. Во текот на целото „боледување” немав покачена температура, кашлање, кивање и сл. само мали компликации предизвикани од дејството на антибиотикот. Многу витамини, течности – раскажува Ценовска за порталот „Тетово инфо“.

Строгата изолација дома ја поминала заедно со ќерката која има неполни 4 години и која за среќа останала негативна на тестовите.

– Се плашев за ќерката која и покрај негативниот резултат мора да дели домување со мене. Седев со две маски, постојано правев дезинфекција и се боревме заедно со желбата да излезе надвор. Издржавме и да одржувме дистанца со најмилото. И другите членови на семејството немаа никакви симптоми. Изолацијата изгледаше страшно првите денови, но стана навика, мора да се почитува, така ќе се избориме. И навистина. Куќата е „аптека”, се е чисто, ние си наоѓаме занимација на разни начини. Помина. И се изненадив колку бргу. Кога имаш пријатели колку што имам јас (прекрасни луѓе) нема да ти недостасува дружба. Постојано сме во контакт, најблиските доставуваат храна, сѐ е по протокол, сите се грижат и тоа е модусот за силата на моето трпение – објаснува Мелиса за „Тетово инфо“.

Loading...

Таа посакува ова што побрзо да заврши и се моли сите да поминат како неа. На прашањето дали знае од каде може да го има добиено коронавирусот, таа објаснува дека никогаш нема да се дознае, бидејќи сѐ е можно. Сега по двата негативни теста, веќе се пријавила да донира крвна плазма со цел да помогне во нечие лекување.

Мелиса е дипломиран економист и е вработена во Управата за јавни приходи во Тетово.

loading...
loading...
Loading...
Next Post

Утре е Спасовден: Зошто е најсреќниот ден и што не смеете да правите?

Утре верниците го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток. За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта сѐ уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од […]