Се почнало со воените игри во Вухан, каде имало и тим од Македонија?

admin22

Откако Французите неделава потврдија дека првиот случај на заразен со коронавирус во нивната земја се појавил на 27 декември, а не на крајот од јануари, како што се сметаше порано, многу европски земји повторно ги тестираат примероците од ноември и декември за да проверат дали некои тогашни вирози и чудни пневмонии всушност биле Ковид-19, пренесува ФАКУЛТЕТИ.мк

Во таа приказна се вклопува и сведоштвото на учесниците на Светските воени игри во Вухан, кои се одржувале кон крајот на октомври 2019 година. Овие игри и претходно беа споменати како место за ширење на вирусот, но немало материјални докази за тоа, па таквите шпекулации беа отфрлени како неосновани.

Сепак, Шведска потврди дека имала заразени учесници во игрите. Другите земји и понатаму не тврдат ништо со сигурност бидејќи немале направено тестови за Ковид-19, а и војската што учествувала во игрите не е најтранспарентна во тој поглед. Но, светските медиуми последните неколку дена пренесуваат сведоштва на неколку спортисти што се сомневаат дека биле заболени од Ковид-19.

Loading...

Во периодот на игрите во Вухан имало многу учесници и друг персонал за помош кој подоцна отпатувал во сите делови во светот. Бидејќи во тоа време не се знаело за заразата, немало мерки за заштита, а учесниците не отишле во изолација откако се вратиле во своите земји.

Учествувал и тим од Македонија

loading...

На игрите учествувале околу 10.000 спортисти од 109 земји. Имало и тим од Македонија. Нашата земја ја претставуваа четворица припадници на Армијата.

Италијанскиот „Кориере дела Сера“ пишува дека дел од учесниците во игрите потврдиле дека уште во авионот, на крајот од октомври кога се враќале од Кина, имале висока температура и респираторни проблеми. Сепак, тие не биле тестирани за Ковид-19 затоа што за вирусот не се знаело ништо во Европа.

Италијанскиот мечувалец Матео Таглиариола, добитник на златниот медал во мечување на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, бил еден од 107. италијански спортисти на игрите во Вухан. Тој за медиумите вели дека кога отишле во Вухан, речиси сите се разболиле.

Сите се разболевме, речиси сите шест луѓе колку што бевме во апартманот, а и многу други делегации се разболија до таа мера што здравствениот центар на игрите остана без лекови. Но, најлошо беше кога се вративме дома. Една недела по враќањето добив висока температура, имав чувство како да не можам да дишам. Пиев антибиотици, но не ми помогнаа. Закрепнав по три недели и долго време потоа бев слаб. Потоа се разболија мојот син и мојата партнерка – вели Таглиариола.
И француските медиуми објавија дека најмалку двајца нивни спортисти во Вухан имале сериозни респираторни проблеми. Тоа се освојувачите на медали – Елоди Клувел и петкратниот светски шампион Валентин Белауд.

Тие со недели биле сериозно болни, но француското министерство за одбрана одби да го коментира случајот, наведувајќи дека не знаат какви здравствени проблеми имале. Заразените биле убедени дека имаат настинка или вирус, но кога во јануари почнаа вестите за коронавирусот во Вухан, меѓу нив се појави сомнеж дека и тие биле заразени во октомври. Но, министерството им забрани да се појават пред медиумите.

Целиот текст прочитајте го на ФАКУЛТЕТИ.мк

Loading...
Next Post

(ЦЕНОВНИК) Колку ќе ве чинат тестовите за КОВИД-19 доколку сакате да патувате во други земји?!

Моментално само за некои од земјите знаеме колкава ќе биде цената за тест на коронавирусот, но за почеток ова е само една слика за оние земји во кои што граѓаните најчесто патуваат. Патувањето оваа година, доколку некој воопшто се одлучи за истото, ќе изгледа необично, но и скапо. Прво, осигурувањето […]