Шилегов и ЈСП се предомислија: Од утре не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

admin22

МАКЕДОНИЈАОд утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионериОбјавено пред 2 часа – 1 јуни, 2020Од Макфакс

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени со навршени и над 62 години и за мажи со навршени и над 64 години, во вторник, петок, сабота и недела, соопшти ЈСП.

Од Град Скопје соопштија дека оваа мерка се воведува по препорака на епидемиолозите и Кризниот штаб за справување со новонастанатата состојба.

Бесплатниот превоз за пензионери беше укинат поради коронавирусот, а повторно беше воспоставен во петокот, со што бесплатниот превоз важеше само три дена, пред денеска да биде повторно укинат.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид-19.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Заев: Нема бегање - Изборите ќе се одржат на 5. јули

Датумот на изборите е завршена работа, тие ќе се одржат на 5 јули, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција. Изборите би се одржале 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја донесе поради спроведување на економските мерки, додаде Заев. Тој потврди дека […]