ШТО БАРААТ: Извршители кај Пендаровски

admin22

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со претставници од Комората на извршителите, кои му пренесоа дека се задоволни од законските измени кои предвидуваат отпис на долгови на граѓаните кон јавните претпријатија, како и отпис на долговите на ЈП кон државните органи.

Но, нагласија дека сите законски измени не смеат да бидат на штета на извршувањето како важен сегмент на функционирањето на правната држава.

Претседателот Пендаровски, од своја страна, го повтори својот став дека секое законско решение треба да биде исклучиво во интерес на граѓаните на Македонија.

На средбата присуствуваше и министерката за правда, Рената Дескоска.

loading...
Loading...
Next Post

СРЦЕ ДА ТИ ПУКНЕ: Од пошта ме повикаа да земам пари – Мислев дека е грешка, но тогаш го добив и ова писмо

Пред некој ден ме повикаа од пошта затоа што некој ми испратил пари. Помислив дека тоа е грешка, бидејќи не знам кој би ми испратил пари, затоа што немам некој таков, а и тешка сум мизерија, па искрено мислев дека некој ме навртува. Кога отидов ми велат имате писмо и […]