Швајцарија воведе задолжителен карантин за патниците од Македонија

admin22

Швајцарската Влада го објави најновиот список на земји чии граѓани ќе мораат да одат во задолжителна самоизолација и да се регистрираат кај надлежните органи по пристигнувањето во Швајцарија, а меѓу 29-те држави е и Македонија.

На списокот се и Соединетите Американски Држави, Шведска, Бразил, Русија, Белорусија и други што се оценети како епидемиолошки небезбедни земји.

Патниците кои биле во земјите наведени во листата во изминатите 14 дена мораат да ги известат швајцарските власти при пристигнувањето и да заминат во карантин во времетраење од 10 дена, соопшти швајцарската Влада.

Списокот на држави, како што се наведува, постојано ќе се ревидира со оглед на развојот на ситуацијата.

loading...
Loading...
Next Post

Приведени петмина скопјани за лепење плакати од политички партии

Во СВР Скопје денеска во 2:45 часот било пријавено дека на заштитна ограда од објект во изградба на улица „Фрањо Клуз”, од полициски службеници биле забележани Н.Б.(19), И.Л.(19) и М.И.(20), сите од Скопје, кои на местото на настанот пристигнале со патничко возило „југо”, со скопски регистарски ознаки, како лепат плакати […]