Си правеле свадба во Стумичко, полицијата им ја растури а има ли уапсени?

admin22

Полицијата вчера прекинала свадба во селото Банско во Струмица на која присуствувале околу 300 гости, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што додаваат оттаму, тие по претходна пријава извршиле контрола и констатирале дека Д.И. (57) и А.И. (54) од с. Банско организирале свадбена веселба за нивниот син Е.И. (26) каде присуствувале околу 300 гости, со што постапиле спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

„Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – ‘непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’. За настанот бил известен Јавен обвинител“, стои во соопштението на МВР.

Loading...

Инаку, според мерките на Владата, забрането е групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, паркови и јавни површини.

Во моментов, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.417, додека од почетокот на епидемијата, во земјава со коронавирусот се дијагностицирани 102.787 лица.

loading...
Loading...
Next Post

Ја засакал додека пеел: Ова е сопругата на Немања Стевановиќ од „Ѕвезде гранда“- убавица е

Пејачот Немања Стевановиќ се скраси покрај убавата манекенка Јелена, со која доби ќерка. Се чини дека парот ужива во љубовта, а фотографиите што ги објавуваат на социјалните мрежи често добиваат голем број лајкови и убави коментари. Јелена Стевановиќ се занимава со манекенство со години, но тоа не ја спречи да […]