Силјановска до Шилегов: Среќа, Петре пешки одам, не ми требаат ваучери за такси

admin22

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова преку статус на Фејсбук му одговори на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кој јавно ја прозиваше преку негов пост на Фејсбук.

Среќа Петре, пешки одам, не ми требаат ваучери за такси, па слободно се движам насекаде. Вклучително и од оваа страна на Вардар, која речиси и да не постоеше до пред неколку години. Сега Петре имаме најсовремена и нова филхармонија и реновирана Македонска опера и балет (каде патем организиравте многу настани).

Не се сеќавам дека ја прекоривте и министерката Шеќеринска за прославата во прекрасниот МАКЕДОНСКИ народен театар. Таму се Петре и Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, Музејот на жртвите од холокаустот итн… Би било добро да ги посетите некогаш, секако, ако тоа не значи дека ќе страда боемскиот живот.

На плоштадот Филип Втори, Петре, можеш да слушнеш секакви гласови и детски џагор. Македонски, албански, турски, ромски … Се сеќаваме на годините кога беше страв и трепет ноќе некој да помине преку Камен мост.

Таму се и многу институции, меѓу кои и узурпираните Уставен суд, Јавно обвинителство, МНР и други. За жал Петре, навистина е точно тоа што велат, дека не можете да го избелите тоа што претходната власт го изградила. Зип лајнот, тунелот под Кале, трамвај без шини, Луна парк, гасификација, нови булевари… остварено НУЛА. ГИ НЕМА! Те замолувам драг Петре, да не збориме за ситно! Ти посакувам убав боемски живот. Скопје заслужува подобро!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Loading...
loading...
Loading...
Next Post

Царовска: Јанушев ги вознемири сите жени во државата

Страшно ме вознемири она што го слушнав денеска од кандидатот за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, Јанушев, а ги вознемири и сите жени во државата и сакам јавно да го осудам, изјави носителката на листа за пратеници во Изборната единица 1, Мила Царовска. – Она коешто го слушнавме ни покажува […]