Сирија со помош на Русија ќе гради нова црква Света Софија

admin22

Православна христијанска црква е предвидено да се изгради во реонот на сирискиот град Хама во која за богослужби за христијани во државата и од странство, објави турскиот весник „Сабах“, кој се повикува на либански медиуми.

Според нив, новата црква ќе биде копија на Света Софија во Истанбул која од пред неколку дена е претворена во џамија со одлука на турската Влада.

Првичната идеја била на Николас Балбаки, кој е владика на Грчката православна црква во градот Хама во Сирија каде црквата има официјално претставништво. Претходно проектот бил претставен и на командата на руските вооружени сили кои се дислоцирани од Сирија од кои, како што се тврди, е добиено одобрение.

Црквата е предвидено да се изгради во градот Сукајлебие, во областа Хама, кој е населен претежно со православни христијани

loading...
Loading...
Next Post

Поучна приказна: Што би избрале, љубов, успех или богатство?

Некоја жена си ја поливала градината, кога здогледала тројца старци пред вратата. Ги повикала па им рекла: Мислам дека не ве познавам, но изгледате како да сте гладни. Ве молам влезете внатре да ви дадам да каснете нешто. Тие ја запрашале: – Дали е вашиот сопруг дома? – Не, одговорила […]