Системот на ФЗО во целосен прекин, не може да се издаваат рецепти, а и да се закажуваат термини за тестирања

admin22

Сервисот на Фондот за здравствено осигурување преку кој докторите закажуваат термини за прегледи и издаваат рецепти не работи од утринава. Поради ова, тие не можат да ги извршуваат своите редовни работни обврски, односно нивната работа е во целосен прекин.

Матичните доктори велат дека немаат добиено известување од Фондот дека услугите ќе бидат во прекин, а неофицијално се информирале дека сервисот не работи бидејќи изгорел главниот кабел од серверите.

Оттаму не одговорија на телефонските повици. Вработени во Фондот брифираат дека ниту тие не знаат колку време ќе трае дефектот, односно нефункционалноста на сервисите.

Тие биле известени од ИТ-службата дека сервисерите работат, но не им било кажано дали ќе се отстрани проблемот до крајот на денот.

Докторите не знаат како да постапат во овој случај, кога системот е целосно нефункционален. Тие велат дека се оневозможени да постапуваат дури и ако треба итно да издадат рецепт.

Loading...

Исто така, под прашање е доведено и закажувањето на термин за тестирање на пациенти за Ковид-19, бидејќи не знаат дали функционира и тој сервис.

loading...
Loading...
Next Post

Шилегов и ЈСП се предомислија: Од утре не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

МАКЕДОНИЈАОд утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионериОбјавено пред 2 часа – 1 јуни, 2020Од Макфакс Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени со навршени и над 62 години и за мажи со навршени и […]