Сите денешни 12 новозаразени со Ковид-19 од Скопје се од ….

admin22

Откако вчера во Скопје беа регистрирани дури 26 заразени од Ковид 19, денеска таа бројка се намали на 12, се наведува во дневниот извештај на министерството за здравство.

Според информациите на „Фокус“ од 12-те заразени во главниот град речиси сите се од Чаир, Сарај, Бутел и Гази Баба. Во последните десетина дена, овие скопски општини се најголема мета на опасниот вирус Ковид 19.

Како што досега неколку пати најавија здравствените власти, семејните собири и групирањата се главните проблеми што по драстичното намалување на бројките на заболени од корона вирус, сега заразата повторно букна.

Со оглед на тоа што веќе неколку денови има алармантни бројки, Комисијата за заразни болести пред некој ден предложи до владата да се воведе полициски час за Рамазан Бајрам и Денот на словенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ од сабота од 19 до вторник до 05 часот, односно карантин од дури 58 часа.

Денеска во 17 часот на владина седница треба да биде донесена одлука дали ќе биде прифатен предлогот на Комисијата за заразни болести.

Loading...

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.

loading...
Loading...
Next Post

Две години затвор за уредник кој објавил неточна вест за Ковид-19

Гардијан забележува дека станува збор за нејасно дефиниран закон, кој често се применува на новинари и активисти поради изјави „кои предизвикуваат страв или тревога”. Зав Је Хтет, главен уредник на мјанмарската новинска агенција Дае Пјав е осуден на две години затвор, откако се покажа дека веста на агенцијата дека едно […]